Откако германската сојузна влада од 20 јуни ги укина ограничувањата за влез за лица резиденти во Македонија, сега повторно е можно да се обработуваат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулативата за Западен Балкан, соопштија од германската амбасада во Скопје. За време на пандемијата поради ковид-19, влез со цел вработување согласно чл. 26 став 2 од Правилникот за вработување не беше можен поради ограничувањата за влез во ЕУ предизвикани од пандемијата.
-Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила последователнa регулатива на важечката таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“. Со тоа, Сојузната влада, и по истекот на 2020 година за државјани од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, овозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација - стои во соопштението.
Германија пак ќе прима македонски работници
Aktualno
-
Во 2024 забележан раст на комерцијалните летови во ЕУ: Кои аеродроми се на врвот?
Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални летови, и забележан е раст од 5,8 проценти во споредба со 2023 година кога биле остварени 6,3 милиони летови, објави европскиот статистички центар „Евростат“.
-
Цените на какаото и кафето ќе останат нестабилни и оваа година
Цените на какаото и кафето скокнаа за околу 180% и 70%, соодветно, во 2024 година, поттикнати од прекините на синџирот на снабдување, неповолните временски услови и растечката глобална побарувачка.
-
Грција воведува строги казни за возачите: 2.000 евра казна за еден прекршок и одземање на дозволата на 7 години
Секој што ќе патува во Грција треба да знае дека возењето во пијана состојба може да резултира со сериозна парична казна, како и губење на возачката дозвола. Новиот Закон за сообраќај во Грција, кој е отворен за јавна консултација до 24 јануари, воведува строги санкции за прекршоци поврзани со тешки сообраќајни несреќи.
-
Еве каде ќе нема струја во Скопје во среда – ЕВН најави исклучувања во пет општини
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, ЕВН Македонија информира дека утре без електрична енергија ќе останат делови од пет скопски општини
-
Извршните директори во Европа заработуваат 110 пати повеќе од просечниот работник
Платите на извршните директори (ЦЕО) на водечките европски компании во 2023 година биле дури 110 пати повисоки од просечната плата на вработените во Европската унија.
-
Гарсоњера во Скопје или трособен стан во Прилеп?
Градежниот бум во Скопје ја достигна својата кулминација. Главниот град на Македонија, со густо изградени населби и ограничен простор, почнува да ги турка купувачите кон нови хоризонти – помалите градови низ државата.