Некогаш изборот на професија за еден млад човек беше конечна одлука која важеше за цел живот – целта беше да се одбере професија која гарантира добра плата и сигурна работа. Се претпоставуваше дека цел живот ќе работите во иста струка и со истата струка ќе се пензионирате, а за прекфалификација не стануваше ниту збор.
Меѓутоа, денес работите драстично се променија. Може слободно да се каже дека една професија полека, но сигурно ги брише останатите професии.
Се работи за професиите во ИКТ секторот кои продираат во речиси секоја област. Без оглед на тоа дали се занимавате со медицина, земјоделство, право или економија, од вас се очекува во најмала рака да знаете да работите на компјутер.
Значи, без оглед на тоа со што се занимавате во моментов, доколку се усовршите во ИТ сферата и се вброите себеси помеѓу ИТ експертите, имате многу поголеми шанси да дојдете до одлично платена работа.