Врховниот суд на Мексико вчера ја легализираше употребата на марихуана за возрасните лица.
Врховниот суд на Мексико вчера ја легализираше употребата на марихуана за возрасните лица.
Осум од 11-те членови на судот прогласија за неуставни голем број членови на мексиканскиот Закон за здравство, со кои се забрануваше консумирање марихуана.
-Денеска е историски ден за различните слободи, рече претседателот на Врховниот суд, Артуро Залдивар.
Одлуката на Врховниот суд следеше затоа што двата дома на мексиканскиот Парламент не го усвоија предлогот за измена на законот за тоа прашање, до крајниот предвиден рок, 30 април, што го имаше утврдено токму овој суд.