Температурите во Грција значително ќе се зголемат во наредните неколку денови, за утре да достигнат дури 43/44 степени Целзиусови во континенталниот дел на земјата, според најновите податоци на метеоролошките услуги на Националната опсерваторија во Атина.
Максималните температури во централните и јужните делови од земјата денеска ќе се искачат помеѓу 39-от и 41-от степен Целзиусов, додека на север од земјата ќе се движат од 36 до 38 степени, пренесува грчката агенција „ANA“.
На островите исто така се очекуваат многу високи температури, кои ќе достигнат до 39-от степен во некои делови од Крит и источен Родос.
Покрај тоа, концентрацијата на прашината ќе остане висока во западните делови на Грција.