Важноста на документите со истечен рок е продолжена до 31 декември.
Продолжувањето на важноста за уште 6 месеци на истечените пасоши ќе го признае само државава. Законските измени за патните исправи стапија во сила денеска, но ниту една странска земја не потврдила дали ќе прифати нашите граѓани да можат слободно да влезат со патна исправа со истечен рок. Од Министерството за надворешни работи велат дека се обиделе да им го олеснат пристигнувањето и заминувањето на нашите граѓани во сезоната на летни одмори.
„Сепак, прашањето е до другите земји дали аргументите на нашето известување ќе бидат прифатени или не. Имаме различни искуства, добивам информации дека некои земји бараат пасошите да бидат валидни. Но, ние се обидуваме да разговараме дека ако не се исполнат условите, бидејќи како што згаснува пандемијата, ќе имаме можност да го укинеме карантинот и ќе започнеме со нашите тимови да ги сликаме граѓаните за да ги добијат новите пасоши. Ова беше обид да се олесни онаму каде што можеме, но не значи дека овој закон ќе ги реши сите проблеми на слободно движење за време на пандемијата“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Од МВР појаснуваат дека законот е ист за сите кои сакаат да влезат во земјава, но и за оние кои сакаат да отпатуваат во странство. Сепак, од МВР препорачуваат патувањето са вакви пасоши да биде последна опција.
Важноста на документите со истечен рок е продолжена до 31 декември.