Овие пет одлични совети ќе ви помогнат да создадете вистинска мала оаза полна со сенка на вашиот балкон за максимално уживање!
Ако е премногу топло, прекривката или стариот чаршав ќе ви послужат како голема заштита од сонцето на балконот. Со жица заврзете го едниот крај на ткаенината на балконот, а другиот на шајките што ќе ги поставите на ѕидот.
2. Перници на оградата на балконот
Старите перници исто така можат да послужат за создавање сенка. Врзете ги на оградата на балконот за да создадете сенка и да се заштитите од сончевите зраци.
3. Трска
Многумина ги избегнуваат трските затоа што мислат дека изгледаат малку старомодно. Сепак, денес може да најдете голем избор на мрежа од трска и бамбус што ќе го заштити вашиот балкон од сонцето и истовремено ќе изгледа убаво.
4. Висечки растенија
Тие се вообичаена декорација на балконите затоа што добро го поднесуваат сонцето и можат да бидат одличен извор на сенка. Изберете неколку растенија и ставете ги на висечки саксии на балконот.
5. Крпи и марами
Ако сакате уште поедноставна верзија на импровизирана тенда, тогаш користете жица и ставете стари крпи или марами на неа.