Ова се резултатите од истражувањето на Вработување.ком, но радува и фактот што дел од испитаниците го прифаќаат концептот на 9 месеци породилно и плус 9 месеци пола работно време
Дури половина од анкетираните сметаат дека породилното треба да се зголеми на 18 месеци а најчестите коментари се дека тоа е доволно време и за мајката и за бебето да се навикнат да бидат еден без друг.
Дел од коментарите се и дека продолжувањето на породилното е :Со цел да се зголеми наталитетот, Дека тоа е најдобро за целото семејство, дека така се градат здрави генерации
Некој констатира и дека: Додека не прооди детето мајката треба да биде на породилно боледување затоа што не сите мајки имаат на кого да го остават своето дете.
Коментари има и за мајките на близначиња кои добиваат само 12 месеци..Тие пак сметаат дека мајката на близнаци без проблем треба да биде на породилно 36 месеци односно 3 години..
28% се за породилно до 12 месеци Со образложение дека 12 месеци е минимум за мајките на породилно бидејќи децата се дојат најмалку до 1 година. 9 месеци е премногу рано за мајката да го остави бебето
На 16% им се допаѓа идејата за 9 месеци породилно плус 9 месеци пола работно време.
За оваа идеја образложението е следно: Со овој концепт на породилно, нема да трпи ниту мајчинството, ниту работното место (институцијата/компанијата)
Само 6% го поддржуваат сегашниот систем на 9 месеци породилно отсуство!
Една Мајка на 2 годишно и второ 11 месечно бебе Одговара:9 месеци се одличен период по кој и мајката и детето имаат потреба од самостојност и социјални активности.
Еден од поддржувачите на идејата за 9 месеци породилно пак заклучува:На бремените жени и на младите мајки не треба да им е приоритет вработувањето по никоја основа!