Постојат четири доминантни типови на колеги на работното место од кои секој успева на поинаков начин. Научниците тврдат дека спротивните типови на колеги е добро да се приближат. На почетокот можеби би се појавиле конфликти, но колегите со различни карактери можат меѓусебно да се балансираат.
Пионерот е заинтересиран за нови можности и поттикнуваат енергичност и креативност во тимот. Чуварите сакаат стабилност и воведуваат ред и дисциплина. Не сакаат да ризикуваат и подобро се чувствуваат кога се придржуваат до факти, бројки и детали. Тука се и возачите кои сакаат кои сакаат предизвик и победа. Интеграторот го поврзува тимот, а за овој тип на колега најважни се добрите односи меѓу колегите.
Пионери
Пионерите се друштвени, спонтани, прилагодливи, ентузијасти и креативни. Тие се фокусираат кон големи задачи, полни се со идеи и не се плашат да преземат ризици. Пионерите се заинтересирани за нови можности и поттикнуваат енергичност и креативност во тимот. За нив зборот “не“, не постои.
Чувари
Чуварите се затворени, резервирани и методични. За нив податоците и фактите се најважни, а деталите им се битни. Тие се практични и лојални, но повеќе сакаат самостојна отколку работа во тим. Ја ценат стабилноста и воведуваат ред и дисциплина. Се плашат да ризикуваат и сметаат дека од грешките треба да се учи.
Возачи
Возачите се посветени на работата, тие се натпреварувачки настроени и многу се љубопитни. Тие се логичари и сакаат да експериментираат, а проблемите ги гледаат како црно – бели. Го ценат предизвикот и даваат поттик на тимот. Сакаат да постигнуваат добри резултати и победи.
Интегратори
Интеграторите се чувствителни, традиционални и се грижат за меѓучовечките односи. Тие се одговорни за тимот и поврзување на членови. За нив најважно е да владее хармонија меѓу колегите. Интеграторите не се конфликтни личности.