Секоја втора компанија има проблем да најде стручен кадар. Јазот помеѓу она што се нуди на пазарот на труд и потребите на бизнисот се уште е висок. Фирмите бараат работници кои веднаш би ги вклучиле во производствениот процес, а не како сега – да губат и време и пари за да ги обучат кадрите со бараните вештини. Според истражувањето дури 65% од компаниите изјавиле дека мака мачат да вработат квалификувани лица. Затоа неопходна е соработка со образовните институции, кои би продуцирале квалитетни кадри.
Сите мислат дека ако се насочиш кон стручно образование и учиш некој занает, дека после не можеш да се запишеш на факултет. Не, тоа не е точно. Мора да се надминат стереотипите, занаетот останува. Така е секаде во светот.
Според податоците на државната статистика, во моментов над 150,000 лица не можат да најадат работа. Од друга страна пак, фирмите, преку Агенцијата за вработување, имаат потреба од 7.600 работници. Најголем дел, се токму со стручно образование, односно лимари, инструктори, шанкери, кројачи , заварувачи, кувари.