Денес во поголемиот дел ќе се задржи многу топло. Кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температура до 37 степени
Во деновите на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места и претежно во попладневниот дел од денот ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.
Времето во сабота ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Температурата ќе достигне до 35 степен.
Во недела ќе биде претпладне ќе биде променливо облачно. А од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.