Откако од стартот на јуни здравствените власти дозволија организирање на свадби во земјава, а од неодамна тоа е одобрено и во затворен простор, што веќе како гости го искористија и младите поитаа да ја искористат можноста и да го прослават „денот за паметење“, односно својата свадбена прослава. Откако се дозволија свадбите, нема петок и викенд во кој не се одржува свадба, а исполнети се буквално сите ресторани во кои се организираат вакви прослави.
Како што е познато, власта дозволи организирање на свадби на отворено со исполнетост на капацитетот од само 50 отсто, додека, пак, сега смее да се организираат и свадби во затворените ресторани, но таму е одобрена уште помала исполнетост на капацитетите, односно 40 проценти. Нема предвидено ограничен број на гости, но, ако на пример ресторанот имал капацитет за 400 гости, сега на отворено смеат да дојдат само 200, што доведе до тоа да се организираат и помали свадби.
А, од завчера има уште една новина кога е во прашање свадбарското работење, а таа е дека на една маса можат да седат максимум до осум гости, наспроти шест како што беше досега, и каква што останува обврската за другите локали. Но, ова се доволи и од причина што свадбарските маси се поголеми, и кај нив може полесно да се одржува дистанцата меѓу гостите.
Според протоколите кои и сега се на сила, играње на подиум и музика се дозволени, но е задолжително одржување на физичка дистанца, што значи дека ора и сега не смее да се играат. Сепак, иако гостите можеби и треба да се воздржат од класичните свадбарски ора, не значи дека не смеат да танцуваат и да се забавуваат, бидејќи тоа е дозволено, но со одржување на дистанца.
Инаку, сега цените се различни, со тоа што поскапи се оние во скопските ресторани во однос на оние во другите градови на земјава, а исто така, кога станува збор за Скопје, повисоки се цените во рестораните во самиот град, во однос на оние на периферните подрачја. Па така, на периферија цените за едно мени се движат од 17 евра па нагоре, зависно од понудата, додека во скопските ресторани се од 20 до 21 евро па нагоре.
извор: faktor.mk