Замислете ја следнава ситуација-вашиот шеф ви кажува дека ќе ви ја намали платата.
Освен да дадете отказ, што друго можете да направите? Има ли воопшто место за преговори, пред да го прифатите тоа? Направете листа со прашања кои ќе му ги поставите на шефот.
*Колку долго ќе трае намалувањето?
*Дали намалувањето ќе има влијание врз вашите останати бенифиции? Ако има, на кои и колку?
*Дали ќе ја намали платата на сите вработени или само на некои сектори?
Освен платата и бенифициите, најважниот дел за повеќето луѓе е и работното време. Ако намалувањето на платата е неизбежно, можеби можете да се договорите за дополнителни неплатени слободни денови. На пример, ако од вас се бара да се согласите со намалување на платата од 10 проценти, можете да прашате за подеднакво намалување и на работното време.
Иако никој тоа не го сака, сепак, намалувањата на платите се случуваат. Како и со секоја пречка во кариерата така и со оваа, најважно е само како ќе реагирате на тоа.