Позади приказната на Градско Тобако, една поинаква продавница за продажба на ексклузивно вино, пијалоци и пури, стои историја на работа, истражување на пазарот и продажба на пијалоци и тутун. Иако за сега располагаат со еден објект целата е да се претворат во уникатен и ексклузивен синџир на вакви продавници.
Атмосферата за работа е релаксирачка, задоволството е загарантирано, а секој оној кој ќе покаже интерес има можност да напредува во хиерархиската структура на компанијата...
Следете ја компанијата и бидете во тек до најновите огласи за работа на ЛИНКОТ
А кој стои позади приказата на Градско Тобако?
Приказната почнува од семејна компанија –“Сломак 2003“ чија основна дејност е увоз и дистрибуција на тутун и производи од тутун, како и посредување, истражување и услуги на пазарот во Северна Македонија.Основана во 2003 година од извршниот директор Слободан Зафировски, таа чекор по чекор ја започнува својата успешна приказна како компанија што обезбедува услуги од областа на истражување и развој на пазарот за Пивара Скопје која е дел од Кока Кола Хеленик и Хајнекен во Македонија, и од 2010 година до 2019 сопственикот е исто така регионален менаџер за продажба.
Во 2014 година, поминувајќи ги сите чекори на деловна работа, го пренесува своето искуство во тутунската индустрија и со „Сломак 2003“ Дооел започна нов предизвик, односно станува еден од првите и најголемите увозници на фино сецкан тутун за виткање цигари и производи од тутун во земјата, поставувајќи темели на културата за тутун за виткање цигари која што сè уште се развива и за која сè уште има голем потенцијал.
Од Сломак велат- “Визијата за иднината, пазарното искуство и желбата за нови предизвици е она што не тера да одиме напред. Нашата посветеност и постојана работа на брендовите што ги увезуваме и претставуваме е основа на долгогодишна успешна соработка со некои од најголемите и најценетите компании за тутун и тутунски производи во светот.Нашата цел е да ја шириме културата и потрошувачката на тутун RYO (валани тутун), премиум машина и рачно изработени пури и цигарило, поради што постојано сме фокусирани на инвестирање и развој на нови и квалитетни производи и светски познати брендови“
Сломак 2003 Дооел е официјален и единствен претставник на PÖSCHL TOBACCO GROUP и на нивните брендови PUEBLO Additive Free ситно сецкан тутун и RED BULL ситно сецкан тутун, пури од најреномираниот европски производител на машински и рачно изработени пури и цигарилоси од NEOS J.ORT J. КОРТЕС Белгија, МОРО пушење тутун од познатиот дански тутун производител MAC BAREN Данска.