Магрони компанијата која ги произведува Ладна и Добра Вода која во моментов има над 100 задоволни вработени го проширува тимот и има потреба за лице кое ќе биде задолжено за контрола на квалитетот и биохемиската структура на водата која се полни.
Проверете ја позицијата и условите ОВДЕ
Менаџерите за контрола на квалитет играат значајна улога и треба да обезбедат производите да одговараат на пропишаните регулативи и интерните стандарди. Тие формулираат и насочуваат програми и политики за обезбедување квалитет, а исто така се трудат да го донесат најдоброто во организацијата.
Фабриката на Магрони се наоѓа во с.Вакав, Кратовско, располага со комплетно автоматизирана линија за полнење на неповратна стаклена и PEТ амбалажа со капацитет од 12.000 l/h и комплетно автоматизирана сирупана, во согласност со законските прописи и сите правила за добра производна пракса.
Денес е една од водечките компании за производство и дистрибуција на вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци во Македонија а од Магрони велат дека ги инвестираат сите нивни ресурси и ентузијазам во насока, нивните производи да станат достапни до нови клиенти низ светот.
Од Магроно велат:- Над 100 вработени во нашата компанија ја делат подеднакво истата страст за извонредност, усовршување, најсовремена продукција и посветеност да донесеме насмевка и задоволство на секој потрошувач што го имаме. Нашата успешна приказна вклучува активен мониторинг.Постојано ги следиме модерните маркетинг трендови, неизоставувајќи ја и континуираната едукација на вработените кои се нашата движечка сила. Една од најважните доблести е да бидеме во тек со најновите технолошки решенија и иновации.
Токму за тоа и бараме нов член на тимот кој активно ќе jа продолжи нашата мисија и визија
Ако сакате да бидете дел од МАГРОНИ пријавете се