Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јуни 2021 година.
Вкупниот промет е драстично зголемен во однос на претходниот месец за високи 227,67 проценти, а тоа придонесе дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат пораст на вредноста на своите акции.
Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е УНИ Банка АД Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец јуни изнесувала 2.919,00 денари, додека во мај просечната цена изнесувала 2.703,47 денари, што значи бележи пораст на вредноста за 7,97%.
На второто место се најдоа акциите на Стопанска банка а.д. Битола кои ја зголемија вредноста за 4,48 проценти односно достигнаа просечна цена од 3.150,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде Адинг АД Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 4,42 проценти односно достигнаа просечна цена од 661,00 денари.
Пораст забележаа и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Бетон АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 3,20 проценти односно 2,99%, соодветно.
Целосниот месечен статистички билтен за јуни 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.