Социјалните мрежи и апликациите во последно време се чини дека се натпреваруваат за да им понудат на корисниците нова, подобра и понапредна опција.Така, платформата за микроблогирање, Twitter сега размислува да воведе нови различни начини на споделување содржина со одредени корисници.
Се разгледуваат два концепта што ќе им овозможат на корисниците да утврдат одредена публика, без потреба да го менуваат насловот на сметката или која било од опциите за приватност.
Според првата идеја, на одредени контакти може да им биде доделена етикетата „потврден пријател“, што би ги направило твитовите на корисникот видливи само за нив. Оваа опција би била слична на опцијата „Блиски пријатели“ на Инстаграм. Ова исто така значи дека објавите на контакти на списокот на блиски пријатели ќе бидат меѓу првите што ќе се појават на профилот на корисникот.
Друг концепт би бил да се одделат делови од истата сметка, на пример приватна и деловна, во рамките на кои би можеле да бидат избрани оние објави што корисникот сака да ги прочита.
Покрај овие две идеи за споделување содржина, постои и можност за филтрирање на одговорите, ќе биде можно да се обележат оние зборови што корисникот не сака да ги гледа.