Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави денеска дека Србија економски заостанува зад ЕУ, но забрзано се приближува кон членката на Унијата – Бугарија, чие ниво може да го достигне до крајот на годината.
„Ако погледнете пред седум години, имавме плати пониски од БиХ за 40 евра, од Црна Гора за 160 евра. Денес, Србија има 30 евра повеќе плата од Црна Гора. Српскиот јавен долг е 58 проценти, а Црна Гора над 180 проценти“, изјави тој за ТВ Пинк.
Вучиќ објасни дека, според официјалните податоци, Србија има поголеми плати од БиХ за 60 евра.
Бугарите имаат најниска минимална плата во Европската Унија, покажува анализата на Институтот за социјално и синдикално истражување.
Минималецот кај источниот сосед оваа година изнесува 332 евра.