Станува сѐ поизвесно дека и оваа туристичка сезона ќе пропадне. Странските гости се во многу мал број, а домашните туристи не можат да ја спасат сезоната. Оваа година ќе имаме многу помалку посетители од Холандија. Пандемијата не е завршена, а појавата и ширењето на новите соеви на коронавирусот, не дозволуваат да се вратиме на нивото кое го имавме пред неколку години.
Претходните години имаше по 25.000 Холанѓани во сезона, и тие доаѓаа од 1 мај до октомври, а сега ќе има некаде околу 5.000. Има дел полски туристи, но генерално е мал бројот на странци. Секаде е слабо, и во Грција има помалку туристи, но сега во овие пандемиски услови, сите држави се трудат да привлечат гости. Ова време треба да го искористиме за вложувања во инфраструктура. Треба да им се помогне на домашните работодавачи кои вложуваат во нешто долготрајно. Многу луѓе останаа без работа, во меѓувреме се соочуваме со инфлација, така што ќе треба време за стабилизирање на целокупната економска ситуација, а кога приходите ќе се нормализираат, граѓаните ќе можат да си дозволат да одат на одмор.
Во Дојран и ова лето одмораат домашни туристи, а дел од српските граѓани кои одат на море го Грција, свраќаат за да уживаат во Дојранското Езеро. Во Општина Ресен има доза на оптимизам и се надеваат дека бројките нема да ги разочараат
Македонија загуби 144 милиони долари девизен прилив од странските туристи поради пандемијата во 2020 година. Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на туризмот покажува дека минатата година биле остварени 252,05 милиони долари од странските посетители, додека една година претходно сумата била 395,92 милиони долари.
извор: faktor.mk