„Apple Inc.“ работи на понуда на нова услуга што ќе им овозможи на клиентите да вршат нарачки, а кои ќе може да ги плаќаат во иднина.
На овој начин, компанијата ќе понуди услуга со која ќе им биде конкуренција на „Affirm Holdings Inc.“ и „PayPal Holdings Inc“.
Услугата, наречена „Apple Pay Later“, е еден од неодамна популарните модели „купи сега, плати подоцна“. „Apple“ ќе ја користи „Goldman Sachs Group Inc.“ како партнер за давањето заеми на клиентите, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори.
Инвестициската банка е партнер и на „ Apple“ во понудата на „ Apple Card“ од 2019-та година, но новата услуга нема да бара употреба на картичката.
Се верува дека моделот „купи сега, плати подоцна“ ќе им овозможи на новите потрошувачи да ги купуваат производите и услугите што ги нуди „Apple“. Компанијата добива процент од приходите кога луѓето користат „Apple Pay“.
Секој потрошувач ќе може да купува производи и услуги со две опции за плаќање. Во првата можност, клиентите ќе можат да ја плаќаат сумата без камата на четири рати, што ќе биде на секои две недели. Доколку вашата сума е голема, ќе можете да плаќате на месечни рати, но со камата.
Ако ја изберете втората опција, ова може да се направи со која било кредитна картичка.
Засега е непознато колкав процент ќе биде зголемувањето за купување од „Apple Pay Later“, но „Affirm“ наплатува до 30% годишно, а другите конкуренти имаат пониска стапка.
Акциите на „Affirm“ паднаа за 10% по веста за новата услуга. Акциите на „Apple“ додадоа 0,79% вчера или 145,64 долари по акција. Компанијата веќе е проценета на 2,43 трилиони долари.