Тука ќе најдете прекрасна природа, чисто море, прекрасни градови и повеќе простор за себе
Леванцо, Италија
Островот лоциран веднаш до западниот брег на Сицилија зафаќа само 6 квадратни километри. Идиличното село се наоѓа покрај крајбрежјето, во подножјето на ридовите кои обезбедуваат заштита, а освен тивките улици и бело-сините градби долж крајбрежјето, тука можете да ја најдете и познатата пештера Грота дел Џеновезе, насликана од античките предци уште во неолитот.
Хидра, Грција
Само неговото име звучи освежувачки, а е добиено поради големиот број природни извори на вода во античко време. Но, тука не е крајот на освежувањето. На живописниот остров недалеку од Атина нема автомобили и мотори. Сè може да се посети пеш: плажите, живописните манастири, таверните, шумските патишта што водат кон ридовите и музеите.
Антиб, Франција
Иако Антиб е всушност туристичко одморалиште, таму нема премногу луѓе. Својата автентичност ја чува во стариот романтичен град, во античките места, во средновековните бедеми, во една од најголемите колекции на дела на Пикасо, во раскошните градски градини и во домашното сирење и вино.
Сими, Грција
Шарените вили изградени во класицистички стил совршено се вклопуваат во зелените и карпести ридови над пристаништето, создавајќи една од најслатките сцени што Медитеранот може да ја понуди. А, убавите патеки меѓу карпите водат до скриените заливи…
Поркерол, Франција
Во мала оаза во близина на француската ривиера владее мајката природа. Пушењето цигари и автомобилите не се дозволени, а наместо тоа, има многу велосипеди и велосипедски патеки што водат низ прекрасни медитерански шуми и песочни плажи.
Ментон, Франција
Го нарекуваат градот на лимоните и е едно од местата со најмногу сончеви денови годишно во Франција. Во 19-тиот век, градот бил „откриен“ од руски и англиски богаташи кои дошле тука на терапија, па оттаму потекнуваат многуте луксузни вили и градини што го красат овој град.
Тенедос, Турција
Турскиот остров со масивни одбранбени ѕидови долж целиот брег, но и со шармантни улици ги воодушевува сите свои гости. Во последно време, стана популарна дестинација за младите луѓе кои бараат песочни плажи и сакаат да избегаат од хаосот во големиот Истанбул.
Ангра до Хероизмо, Португалија
Заливот на херојството е име на мал град на португалскиот остров Терсеира. Името го добил од кралицата Марија Втора кога нејзините жители покажале храброст за време на т.н. либерални војни. Градот има пристаниште кое е заштитено од УНЕСКО, а покрај него има и познати тврдини, прекрасни цркви и паркови и неверојатна архитектура на секој чекор.