35-годишниот Русин се шокирал кога добил порака за сума на пари кои биле префрлени на неговата сметка, но претпоставил дека тоа е заработка од обложувалницата. Банката и службениците му објасниле дека сè е во ред со неговата сметка и не постои никакво недоразбирање. Убеден дека тоа е така, Јурков, како што би сториле повеќето од нас, се опуштил, ги повлекол парите и отишол на шопинг. За 24 часа, тој извршил 220 трансакции. Меѓу другото купил, четири стана, БМВ, Мерцедес и Ајфон.
- Купив сè што сакав. Па, едноставно не купив уште само авион - рече Јурков.
Но, неговата радост не траеше долго. Банката ја увиде грешката, ја блокира неговата сметка и Јурков беше уапсен. Иако на судењето истакнал дека бил постојано во контакт со банката, што го потврдија и претставниците на самата банката, судот го прогласи за виновен и го осуди на шест години затвор.
Наравоучение: СÉ што е слатко, трае кратко, па така секое чудо трае 24 часа а не три дена!