Вештината за кетеринг може да ви донесе над 1000 евра месечна заработка, така се покажува во пракса во последните години.
-Веќе две години јас се занимавам со кетеринг. Завршив факултет, но не можев да најдам работа. Земав град од Агенцијата за вработување и си отворив своја фирма. На почетокот беше тешко, како и секој друг бизнис, но за кратко се рашири. Денеска сум задоволна. Во тимот сме четворица. Сега за сега е добро, и заработката е одлична, за една убава живеачка во Македонија, раскажува скопјанката Анета.
За сите креативни млади луѓе кои сакаат да почнат свој бизнис, организирањето родендени и венчавки е полн погодок.
Клиентите мора да ви бидат на прво место, а добрите препораки понатаму ќе ви отворат многу врати.
Ваков бизнис може да се почне и во сопствен стан, а организираноста е клуч за успех.
Рекламата е многу важна. Потребни ви се многу контакти и добри соработници.
Оние кои веќе се занимаваат со овие дејности, велат дека се потребни шест месеци до година дена додека да бидете задоволни со својата заработка.
skopjeinfo.mk