ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА
ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
- Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:
·Реонски попишувачи и Реонски инструктори
- Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето.
- При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.
III.1 Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.
IV.Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да ги исполнуваат следните услови:
а) Општи услови
- да се државјани на Република Северна Македонија,
- да се полнолетни,
- да имаат завршено најмалку средно образование и
- да немаат засновано работен однос.
б) Дополнителни услови - познавање на работа со персонален компјутер и
- познавање на соодветниот јазик на заедницата според табеларниот преглед од точка II на овој конкурс.
- Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер)
- Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.
- Времето (часот) на почетокот на тестирањето и местото (просториите) каде што ќе се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.
- Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx во периодот од 20.07.- 05.08.2021 година.
- Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 09.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
- Потребните документи кои кандидатите треба да ги достават се: а) Доказ за државјанство – фотокопија од:
- лична карта или
- уверение за државјанство или;
- важечка патна исправа
б) Доказ дека има завршено најмалку средно образование - фотокопија од:
- свидетелство или
- уверение или
- диплома за завршено образование
в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос
г) Писмена изјава дека има познавање од работа со персонален компјутер
- Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело.
- Кандидатите со некомплетни документи нема да бидат земени предвид при разгледувањето.
- Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани ќе го изврши Директорот на Државниот завод за статистика, по предлог од надлежната работна група формирана за секој пописен реон.
- Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 3 дена по тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.
Табеларниот преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори по општини може да го видите на ЛИНКОТ.
Државен завод за статистика