Музејот Никола Тесла е привремено затворен бидејќи во објектот нема струја. Информацијата ја потврди и раководството на музејот откако неколку посетители се пожалиле дека утрово не можат да влезат во оваа знаменитост. Од музејот потврдија дека станува збор за дефект.
„Не е ништо страшно, но утре треба да ја поправиме грешката и да започнеме со работа“, изјавија од центарот посветен на пронаоѓачот на трифазна струја, која сè уште е најчесто користената форма на повеќефазни системи на струја и напон.
Меморијалниот центар „Никола Тесла“ беше отворен на 10 јули 2006 година, по повод 150-годишнината од раѓањето на славниот генијалец. Ова значи дека 165-тиот роденден на Тесла бил пред 11 дена. Куќата во која се наоѓа Меморијалниот музеј е истата куќа во која живеел. Обновена е во 1956 година и признаена за културно богатство.
Покрај високофреквентното осветлување, Тесла, меѓу другото, измислил и радио, далечински управувач на бродот, наизменичен систем за пренос и дистрибуција на електрична енергија.