Во 2020 година се зголеми јазот меѓу платите на извршните директори во американските компании и просечната заработка на вработените.
Просечната плата на директорите на компаниите од корпата за индекси S&P 500 е 299 пати поголема од просечната плата на нивните работници минатата година, според годишниот извештај на AFL-CIO за платите на менаџерите на највисоките позиции, пишува Си-Ен-Ен.
Според нив, надоместокот за извршните директори во 2020 година во просек изнесувал 15,5 милиони долари, заедно со бонусите, што претставува раст од повеќе од 260.000 долари годишно во текот на изминатата деценија.
Во исто време, просечните работници во производството заработи 43.512 долари минатата година, што претставува раст од само 957 долари годишно во период од 10 години.
Вкупниот просечен надоместок на управителите на американските компании се зголеми за повеќе од 700 илјади американски долари во 2020 година, во споредба со претходната година, додека јазот меѓу нивните и платите на работниците се зголеми од опсегот од 264:1 во 2019 година.
Извршен директор со најголем приход во 2020 година бил Чад Ричисон од „Paycom”, кој добил над 200 милиони долари плати и бонуси.
На врвот на листата на најдобро платени директори се и извршните директори на General Electric, Hilton, T-Mobile, Nike, Microsoft и Netflix.