Повеќе од 5.400 пожарникари беа мобилизирани да гасат голем пожар во американската држава Калифорнија, јави агенцијата Франс прес.
Над огнот, кој беше тешко да се изгасне поради високата температура, последните денови се појавија топлотни облаци кои поттикнуваат молња и ветрови и дополнително ширење огнот.
Локалните власти проценуваат дека пожарот уништил повеќе од 73.000 хектари вегетација и дека само околу 20 проценти од пожарот се под контрола, пренесе агенцијата АП.
Калифорниските власти прогласија вонредна состојба во неколку загрозени области.