Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на македонски иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, за нивна трајна заштита и чување.
За таа цел, во Државниот архив е формирана Комисија за селекција на документите и материјалите како и посебни архивски фондови.
„Материјалот може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма. Пред доставување на истиот, двете институции треба да бидат известени за содржината на архивскиот материјал и да е направена првична селекција, класификација и попис. При дигитално доставување на материјалите, потребно е снимките да бидат изработени во tiff формат, и минимум 300 dpi резолуција“, се наведува во соопштението на Државниот архив.