Пред само неколку недели во центарот на вниманието беше премиерот на Русија, Владимир Путин, и премиерата на неговата нова лимузина, но тој не е единствениот светски лидер кој ужива во луксузен транспорт
Претседателските лимузини секогаш го привлекувале вниманието на обичните луѓе, без разлика дали се ексклузивни модели, луксузни мерцедеси, ролс ројсеви или некои други автомобили.
Од земја до земја, се разликуваат потребите и желбите на лидерите, па некои се возат во стандардни седани, други во продолжени лимузини, трети во SUV модели, четврти во класици, кабриолети…, но дефинитивно поранешниот претседател на Уругвај е приказна сам за себе.