Трговскиот синџир Жито Маркет ја збогати својата мрежа со две продавници
Жито Маркети, еден од најголемите малопродажни национални ланци, за само неколку денови се збогати за две нови продавници во своето потфолио, во Велес и во Гостивар.
Викендов, во населбата Превалец во Велес беше отворен новиот маркет, со што Жито Маркети станаа подостапни за жителите од овој дел од градот.
Новотоворениот маркет во велешката населба Превалец е со површина од 160 м2, со две наплатни каси и овозможи десетина нови вработувања. Предноста на овој маркет е што во себе вклучува и пиљара Friutland, со што потошувачите секојдневно ќе имаат на избор свежо овошје и зеленчук.
“Ова е уште еден чекор што ја следи развојната политика на Жито Маркети. Секаде каде што ќе се укаже можност, ние ќе се обидеме да дојдеме сè поблиску до нашите потрошувачи, без оглед дали станува збор за Велес, за Скопје, за Гостивар или за некој друг град во државата. Наша главна цел е да им се ставиме на располагање на нашите ценети клиенти што е можно поблиску до нивниот дом, нивното маало. Нивната доверба, пак, ја оправдуваме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи”, изјави Стојанче Тодороски, Административно – технички директор на Жито Маркети.