Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал и испиша историја за нашата земја Олимписките игри
Македонскиот спортист Дејан Георгиевски (22) го освои сребрениот медал на Олимпискиот турнир во теквондо, во категоријата +80. Тој во финалето се бореше против Владислав Ларин од Русија и загуби со 15:9. Ларин е прв во светот, а на листата најдобри теквондисти, Георгиевски е на 14. место.
Пред финалето, Георгиевски го победи светскиот шампион Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, а во полуфиналето беше подобар од Јужнокореецот Кјо Дон Ин.
Последен пат Македонија освои медал на Олимпијада пред 21 година, кога Мохамед Ибрахимов ѝ донесе бронза во борење на ЛОИ во Сиднеј.