Тврдеше дека пред неколку години броел монети за да се прехрани, во далечна Индија, а после само две години неговата стартап компанија се вивна кон небото со милиони долари во годишни приходи. Пред само неколку месеци бизнис приказната на Блаже Аризанов доби речиси епски пропорции кога локалните медиуми ја пренесоа веста за неговиот ненадеен успех во Индија. Стартап компанијата која Блаже Аризанов ја основа со својот пријател од Индија денес е една од најпопуларните и најконтроверзните компании во Индија која им овозможува на младите лубовни парови да си резервираат хотелска соба за краток престој и е редовно споменувана и проучувања бизнис приказна и студија на случај од страна на реновирани светски бизнис магазини како Форбс и Блумберг. Најновото од него е веста дека од Понеделник следната недела излегува неговата прва книга Белиот Трофеј, во која според него, инсајдерски ќе бидат опишани сите маркетинг техники кои ги примени за да ја доведе компанијата од нула до милиони.
Книгата ќе образложи мноштво пријатни и непријатни моменти за време на ова бизнис патешествие, вклучувајќи ги и деновите кога полицијата секојдневно им беше зад петици на неговиот тим, подбуцната од по-моралниот дел од населението кое длабоко ја осуди нивната мисија и ја сметаа за навредлива за традиционалните Индиски вредности. Белиот Трофеј почнува со кобниот ден кога двајцата последни вработени насилно му го кренаа мебелот од станот поради тоа што им должеше тримесечна плата и го оставија со ништо. Книгата се надоврзува со актуелни и минати трауми кои Блаже Аризанов ги имаа доживеано и за кој вели дека потсвесно ги управуваа неговите одлуки, дел од кои беа толку радикални што придонесе за агресивен конфликт внатре во тимот кој речиси ја распадна компанијата. Или како што вели Блаже Аризанов во официјалниот Фејсбук пост со кој ја најави книгата – Не сите бизнис приказни се опсипани со злато, не секогаш има палати светкавост, трофеи, туку само еден трофеј – Бел. Вака Блаже Аризанов ги именува мноштвото демони на кои авторот тврди дека се потпираше во моментите кога сите дури и неговиот сопствен тим се закануваа да му свртат грб.
Се на се ова е една извонредно нетипична бизнис приказна за нашите простори, за претприемач кој го помина детството во Струмичките полиња за да подоцна доживее вртоглав успех во земја половина планета понатаму.
извор: fakulteti.mk
Македонецот кој пред неколку години немаше за „леб“ , а сега неговата стартап компанија се вивна кон небото со милиони долари во годишни приходи
News
-
Превисока цена на машка фризура во Германија, многумина Германци се средуваат сами
Услугите поскапеа во Германија, вклучително и посетите на фризер за мажи. Фризурата сега на некои места чини околу 30 евра, истакнуваат германските медиуми.
-
Mercedes ќе отпушти 20.000 работници
Заедно со отпуштањата, компанијата планира да ги намали исплатите на бонусите, како што се божиќните бонуси
-
Туристи ќе плаќаат нов данок во Грција: Ќе чини и до 100 евра
Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да управуваат со бројот на туристите, а од оваа година им се придружи и Грција.
-
Минимална плата од 700 евра во Македонија – пуста желба или реалност
Минималната плата во Македонија во моментов е 22.567 денари или 367 евра.
-
Tommy - Лидер на малопродажниот пазар во Далмација, со над 4300 вработени вработува кандидати од Македонија
Долгогодишниот деловен успех се темели на вредниот придонес на сите вработени, а филозофијата „задоволен вработен = задоволен купувач“ е клучна за квалитетот на услугата.
-
Општина Аеродром донесе препорака за учениците да не користат мобилни телефони на настава
Општина Аеродром донесе препорака, во текот на наставата, учениците од прво до деветто одделение во сите основни училишта да не ги имаат мобилните телефони кај себе и да не ги користат.