Сега е време за годишни одмори или пак дневно капење на базен, но дали знаете кои методи треба да ги примените доколку вашиот телефон падне во вода?
Прво правило: Доколку сте во можност веднаш однесете го на мајстор. Важно е брзо да се утврди дали водата навлегла во телефонот и стигнала до матичната плоча. Првата помош кога телефонот ќе падне во вода е да ја извадите маската и да го избришете со сува крпа.
Второто е да го исклучите и да ја извадите батеријата, доколку не е интегрирана во телефонот, односно да извадите се од телефонот како капак, батерија, картичка и оставете да се суши. Не го ставајте на сонце.
Доколку не сте во можност да го направите тоа, еве уште неколку корисни методи:
Ориз – Оризот е добра идеја доколку телефонот не е целосно потопен во вода, а експертите велат дека инстант оризот е подобар од интегралниот. Ставете го во вреќа со ориз и оставете го.
Фен – Најважно е да го исушите телефонот добро, а не можете да се стигне до сите делови со крпа, па затоа вклучете го фенот за коса.
Правосмукалка – Правосмукалката суши многу подобро од фен за коса, па ако тоа ви се случи дома, веднаш вклучете ја и ќе помине низ сите делови на телефонот.
Песок за мачки – Кој има мачка пола работа ја завршил. Песокот има неверојатна моќ да апсорбира влага, затоа само потопете го!