Владата на Црна Гора донесе мерки против коронавирусот кои ќе важат од денеска до 20 август.
Влегување во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки е дозволено со еден од следните четири докази – дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза вакцина, да има негативен ПЦР тест за коронавирус, не постар од 72 часа, доказ дека прележал Ковид-19, доказ за негативен брз антиген тест, не постар од 48 часа.
Сопствениците на објектите се должни да назначат лице кое ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.
Малолетниците не се обврзани да ги исполнуваат овие услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови.
Под истите услови, дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не можат да се контролираат во ограничен простор се одложуваат до 20 август.