Семејствата кои немаат приход повисок од 30.000 денари ќе можат да заминат на одмор преку Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, која Владата ја надополни со 22,9 милиони денари, со одлука на последната седница. Вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15 милиони, ќе изнесува 37,9 милиони денари.
Со предвидената мерка, информираат од Владата, ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.