Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.
Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.
Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.
Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.
Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.
Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.
Workers destroy 30 new apartments in Blumberg, Germany after businessman refuses to pay their wages. This is what we in the direct action movement call *aggressive negotiations*. Top work comrades✊
Aktualno
- Дали српските туристи летово ќе ја избегнат Македонија на патот кон Грција?
Одлуката Бугарија да влезе во Шенген зоната на 1 јануари 2025 година, со која се укинаа граничните контроли меѓу Бугарија и Грција, отвори нови дилеми кај српските туристи кои ги планираат летните одмори на грчките плажи.
- Професионалните возачи бараат да не бидат третирани како туристи во ЕУ
Поради бројните гранични и други транспортни проблеми во Шенген зоната
- Шумските пожари во Бразил лани уништиле вкупна површина поголема од Италија
Шумските пожари во Бразил минатата година зафатија вкупна површина поголема од целата територија на Италија, објави денеска платформата за мониторинг МапБиомас.
- Поскапува претплатата на Нетфликс
Нетфликс ќе ги зголеми претплатите во повеќе земји откако бројот на корисници се зголеми за речиси 19 милиони во последните месеци од 2024 година.
- Шпанија ќе воведе данок од 100 отсто при купување на имот
Санчез минатата недела рече дека Шпанија би можела да воведе данок без преседан до 100 отсто на имотот донесен од луѓе надвор од ЕУ.
- Нови линии од скопскиот аеродром до Париз и Женева
Министерството за транспорт денеска (22 јануари) соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје - Женева и Скопје - Париз (аеродром Орли).