Во Скопје, на местото на поранешен „Скопски саем“, наскоро вратите за сите љубители на шопингот ќе ги отвори „Ист Гејт Мол“...
Новиот шопинг центар, отварањето го закажа за во средината на септември. Овој мол ќе биде вистинско освежување како за главниот град, така и за целата замја, преку понудата на уникатно шопинг искуство за посетители и за уживателите на добрата храна.
Ист Гејт Мол и “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ повеќе од три години работеа на дистинктивниот микс од брендови, кои на потрошувачите ќе им понудат едно ново шопинг искуство.
Веќе има инфорамции дека 95 проценти од вкупната површина за изнајмување е веќе издадена на локални и интернационални брендови. На почетокот на оваа година, во јавноста протекоа инфомациите дека во новиот трговски центар пристигнува светскиот бренд H&M, но и дека за влез на пазарот во Македонија размислува ЛИДЛ и уште некои други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу кои се познатите SPAR и BILLA.
Ист Гејт Мол е трговски центар на новата генерација кој нуди микс од брендови, исполнувајќи ги потребите на широка целна група, опфаќајќи ја не само нашата земја, туку и соседите од Косово и Србија. Целта e да се привлечат нови брендови како полската модна групација „LPP SA“ заедно со своите пет брендови „Reserved“, „House“, „Cropp“, „Mohito“, „Sinsay“, потоа „Zara Home“ и „Oysho“ од групацијата Индитекс, како и модни марки кои за прв пат влегуваат на македонскиот пазар меѓу кои XYZ, Armani Exchange, Twinset, Partrizia Pepe, DeFacto и други.