Министерството за труд и социјална политика упати апел да се почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенција на последиците од топлотните бранови.
Овие општи мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата градинки да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.