Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје Медицински факултет Скопје има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време на 4 (четири) лица за вршење на работите и работните задачи на следните работни места:
1 Доктор по медицина 1(еден) извршител за Институтот за патологија;
2. Доктор по медицина 1(еден) извршител за Институтот за хистологија;
3. Дипломиран фармацевт/Магистар по фармација 1(еден) извршител за Институтот за патологија;
4. Лаборант 1(еден) извршител за Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина.
Заинтересираните кандидати за пријавување на огласот треба да ги исполнуваат општите и посебните услови за вработување:
Општи услови
Да е државјанин на Република Македонија,
Да е полнолетен,
Да има општа здравствена состојба,
Активно да го користат македонскиот јазик,
Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
Завршено високо образование Медицински факултет стекнати најмалку 360 кредити според ЕКТС или VII степен според Македонската рамка на квалификации (за работно место бр. 1 и 2);
Завршено високо образование Фармацевтски факултетстудиска програма од најмалку 300 кредити според ЕКТС или VII степен според Македонската рамка на квалификации (за работно место бр. 3);
Завршено образование VA според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 60 кредити според ЕКТС или средно образование (за работно место бр. 4);
Поседување на лиценца за работа (за работно место бр. 1 и 2);
Со или без работно искуство (за сите позиции);
Познавање работа со компјутери (за сите позиции) и
Познавање англиски или друг светски јазик (за сите позиции).
Во прилог на пријавата, a како доказ за исполнување на условите, кандидатите треба да ги достават следните документи:
Лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон и email адреса)
Државјанство
Уверение (диплома) за завршено високо образование (со просек за успех) во копија заверена на нотар
Лиценца за работа (за работно место бр. 1 и 2) во копија заверена на нотар
Лекарско уверение за општа здравствена способност не постара од 6 месеци, во оргинал или копија заверена на нотар
Фотокопија од лична карата
Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во оргинал или копија заверена на нотар.
Кандидати кои завршиле соодветно образование во странство треба да поседуваат:
Нострифицирана диплома со соодветно образование;
Документ за еквиваленција на оценките, издаден од Министерство за образование и наука.
Основна нето плата (за работно место бр. 1) 31. 712, 00 денари
Основна нето плата (за работно место бр. 2) 28. 726, 00 денари
Основна нето плата (за работно место бр. З) 3 1 .712, 00 денари
Основна нето плата (за работно место бр. 4) 21. 969, 00 денари
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ