Хакери успеале да украдат околу 600 милиони долари во криптовалути од децентрализираната финансиска платформа Поли нетворк, пренесува Си-Ен-Ен, кој додава дека тоа е најголемиот грабеж откако постои таа индустрија.
Ранливоста во Поли мрежата им овозможила на ограбувачите да избегаат со парите, соопштила платформата, молејќи ги напаѓачите да ги вратат парите.
„Количината на пари која сте ја хакнале е најголемата во историјата на децентрализирани финансии. Парите кои сте ги украле доаѓаат од десетици илјади членови на крипто заедницата. Треба да поразговараме и да најдеме решение“, соопштила Поли мрежата на „Твитер“.