
Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат. За разлика од гостите кои ако сакаат да влезат во кафеана или кафуле мора да приложат сертификат за вакцинација.
Иако е препорачано, вработените не е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти. Треба да се нагласи дека, ваквиот чин на селекција при рестрикциите е спротивен на членот 3 од Уставот на Република Македонија, според кој „се забранува секаков вид на дискриминација, па дури и по основ на здравствена состојба.
извор: makpress.mk