Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Во пожар на периферијата на Велес, под ридот Вршник попладнево изгореа три дечиња на една, две и петгодишна возраст.
Според информациите на соседите и на пожарникарите кои први пристигнале на местото на трагедијата, трите јагленисани тела на децата биле пронајдени прегрнати, во трошната импровизирана куќа.
Сеуште е нејасно како дошло до пожарот, само се знае дека децата биле сами во куќата кога избувнал пожарот.
Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата, ги повикале пожарникарите и полицијата.