58% од младите би се иселиле од Македонија, доколку им се укаже можност
Најновата студија на Фондацијата за демократија на Вестминстер и МОФ покажува дека младите не следат политика, но гласаат. Тие се незадоволни од своето место во општеството, но не преземаат ништо за да го променат тоа.
Младите се незадоволни од своето место во општеството - само една третина веруваат дека за пет години државата ќе биде подобро место за живеење. 58% од младите би се иселиле од Северна Македонија, доколку им се укаже можност. Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата. Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби. Ова се дел од резултатите на студијатата за Социо-политичко учество на младите: Неизвесност, нееднаквост и различни очекувања на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Младински образовен форум којашто е објавена денеска.
Како и на минатогодишното истражување, младите и сега се надеваат дека до 2025 година, Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ. Во екот на пандемијата со Ковид-19, 40,9% од младите не се задоволни од начинот на справување со кризата. Тие сметаат дека се потребни построги мерки за справување со корона вирусот од страна на властите.
„Она што особено загрижува е фактот дека повеќе од половина од младите луѓе (56%) ретко или никогаш не ги следат и не пројавуваат интерес за актуелните политички случувања и настани во државата. Дополнително, 7 од 10 млади се опишуваат себеси како главно или воопшто неактивни граѓани во општеството“, вели Димитар Низамовски, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ).
Целиот текст прочитајте го на dw.com