Јогурт, колачи и кафе, повеќето луѓе го започнуваат денот со оваа храна, а подоцна им се појавуваат киселини во желудникот, но не знаат зошто. Покрај најчестста грешка на луѓето да го прескокнуваат појадокот, има уште една што не се препорачува да се прави наутро, а тоа е одредена храна да не се јаде на празен стомак.
Следните намирници не треба да се консумираат веднаш штом се пробудиме бидејќи лошо влијаат врз нашиот стомак. Еве кои се тие:
Млечни производи – Иако се чест избор, и ќе се изненадите, но јогуртот, млекото и другите млечни производи не се препорачува да се консумираат веднаш по станувањето наутро. Млечните киселини што ги внесуваме преку овие производи се „уништуваат“ со хлороводородна киселина од желудникот. Тоа е причината зошто внесот на млечни производи има многу мала корист за нашето тело кога ги консумираме на празен стомак. Без разлика дали се со кафе или бурек, тие не се препорачуваат наутро.
Домат – Ова овошје содржи високо ниво на танин, што доведува до зголемување на киселоста во стомакот, што често резултира со гастритис.
Слатки - Под ова, не мислиме само на бонбони, чоколади, туку и на „скриената“ здрава храна – мусли, интегрални колачи и слично. Внесувањето слатки на празен стомак предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, а тоа може да има штетно влијание врз панкреасот.
Зелен зеленчук – Иако спанаќот, блитвата и зелката се многу здрав зеленчук, нутриционистите не предлагаат да ги консумирате наутро. Причина – овој зеленчук е богат со амино киселини и може да предизвика металоиди и болка во горниот дел на стомакот.
Лиснато тесто – Многу популарно кај нас, но сепак штетно! Треба да избегнувате погачи, кроасани и друго лиснато тесто бидејќи маргаринот, како и квасецот, можат да предизвикаат надуеност.
А храната што се препорачува е на пр. овесна каша (но онаа што сами ја правите, а не купена) или палента.
Таа формира заштитен слој во стомакот и на тој начин го штити од киселини, а го стимулира варењето.
Исто така, јајца, интегрален леб и мед се препорачува да се консумираат на празен стомак, бидејќи имаат корисен ефект врз здравјето, а и чувството на ситост подолго време.