Поради пандемијата слаб е интересот за пријавување на реонски попишувачи. Рокот за пријавување на огласот е продолжен до 25 август а хонорарот за теренската активност се зголемува на 45.000 денари. Пописот мора да се спроведе во септември.
Заводот за статистика го продолжи рокот за пријавување на инструктори и реонски попишувачи. Се дава уште една шанса со зголемен хонорар до 45 000 денари. Најмал е интересот за скопксите општини.
Пописот ќе се врши по сите протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба. Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите. Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.
Сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следниот линк: www.stat.gov.mk
извор: telma.com.mk