Во Словенија од вчера забранета е употреба на повеќето пластични производи за еднократна употреба.
Чаши и чинии за еднократна употреба, пластични садови, сламки, како и пакување за брза храна и кутии од стиропор ќе бидат повлечени од пазарот. Пластичните производи што немаат алтернатива, како влажни марамчиња, пластични филтер за цигари и тампони ќе продолжат да се продаваат. Но, тие мора да имаат посебна ознака за да ги информираат потрошувачите за штетата што ја предизвикуваат врз природата, како и начините за нивно рециклирање.
извор: 24.mk