Ниските плати причина за недостиг на угостителски работници во Македонија
Ситуацијата во угостителскиот сектор, што го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата е алармантна. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи.
Но, овој проблем постоеше и пред пандемијата. Која е причината за недостигот на на келнери и воопшто угостителски работници во Македонија? Направивме анкета на оваа тема.
50% од испитаниците ја наведуваат ниската плата како причина за недостигот на угостителски работници. „Пријавен на пола работно време и плата под 22.000 денари. Најнеплатени се угостителите...“ се дел од коментарите.
18% сметаат дека причината е нестабилноста и лошите работни услови. „Газдите ги опуштаат кога владата ќе воведе полициски час и карантин. Психолошка тортура врз вработените. Келнерите не работат во соодветни услови. И често се понижувани и тероризирани од работодавачите...“ се дел од коментарите на анкетираните.
Поголем дел од квалификуваните угостителски работници се заминати во странство, сметаат 13% од испитаниците. Причината се секако, поголемите плати и подобри услови за работа.
Следна причина, според 11% од испитаниците е тоа што никој не вложува во едукација, развивање и задржување на овие кадри.
Само 9% сметаат дека овој недостиг е предизвикан поради кризата од пандемијата.
Во моментов, на Vrabotuvanje.com има 43 слободни работни позиции за работа во сектор Туризам и угостителство. Сите огласи се на ЛИНКОТ.
Се надеваме на брзо враќање на полни кафичи и ресторани, среќни гости и вработени – без маски!