Наскоро на администраторите на дел од Фејсбук групите ќе им биде дозволено да наплаќаат претплата за пристап до својата група. За почеток ова ќе важи за групи за домаќински работи: родители, готвење и чистење по дома.
Цената што ќе може да ја наплаќаат администраторите е од 4,99 до 29,99 долари месечно. Инаку групите генерално и понатаму остануваат бесплатни.
Од Фејсбук објаснуваат дека новата опција се воведува за да им се овозможи на администраторите на групите, да заработат пари за времето што го трошат на постирање и менаџирање на групите. Надежта на ФБ е дека тие ќе ги искористат парите и за создавање поквалитетни содржини.
За сега Фејсбук нема да зема процент од претплатата. Како дел од стандардните правила за користење на Ап стор и Плеј стор, Епл и Гугл ќе земаат процент од претплатите кои ќе бидат направени преку Иос и Андроид.
извор: off.net.mk