Во среда или најдоцна во четврток неделава за вакцинација повторно ќе се отвори салата „Борис Трајковски“ најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека овој пат нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата.
-Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата „Борис Трајковски“ зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече Филипче.