Најголемите сајтови за вработување во регионот - Vrabotuvanje.com - Македонија, MojPosao - Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија, и годинава ќе го реализираат XII издание на Регионалниот онлајн саем за вработување, кој ќе се одржи од 13 до 20 октомври.
Придружете се на саемот кој на вашата компанија ќе и овозможи:
- директна комуникација со кандидати преку chat и видео повик
- претставување на компанијата пред голем број баратели на работа во една или повеќе земји
- учество на најголемиот Employer Branding настан – Досег до над 1.000.000 корисници / потенцијални кандидати – штанд на саемот, огласи и маркетинг кампања на подрачјето на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина
- истакнување на предностите на вашата компанија како работодавач
- создавање на база на потенцијални кандидати за идни потреби на вашата компанија
Овде можете да ги прочитате искуствата на компаниите кои минатата година учествуваа на регионалниот онлајн саем за вработувавње.
Штандовите на виртуелниот саем се креираат во неколку едноставни чекори, без да трошите ресурси за патување, ангажман на вработените, печатење промотивни материјали. За разлика од традиционалните саеми, онлајн саемот е достапен 8 дена, 24 часа на ден преку сите (десктоп/мобилни) уреди, а кандидатот може да го посети кога му одговара.
Искористете го попустот за РАНА ПРИЈАВА што трае до 31 август и заштедете 10%.
Тоа не е се. За оние кои се заинтересирани за објава на штанд во повеќе земји, следува дополнителен попуст и тоа, за штанд во 2 земји=10%, 3 земји=15%, 4 земји=20% и 5 земји=25%.
Минатогодишното издание на саемот забележа вкупно 549.018 посети, 571 објавени огласи од 80 компании и 54.329 апликации.
Од вкупните 549.018 посети, 108.657 беа од Македонија.
Постигнатите резултати се показател дека онлајн саемот е добро место да ја претставите вашата компанија пред голем број кандидати во една или повеќе земји, на едноставен и ефикасен начин и преку директна „еден на еден“ комуникација да пронајдете талентирани кандидати кои ќе се вклопат во вашиот тим.
Повеќе информации за саемот и понудата може да најдете на линкот.