Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Германскиот сојуз на синдикати преку проектот „Faire-Mobilitaet”, за работниците кои се заминати на работа или планираат да заминат на работа во Германија, овозможува да добијат бесплатна правна помош и совети за нивните работнички права кои треба да ги имаат при работа во таа земја.
-Согласно информациите кои стигнуваат до ССМ од сѐ поголемиот број на работници кои заминуваат на работа во Германија, како и информациите кои што ги добиваме од колегите од Германскиот сојуз на синдикати – DGB, работниците имаат потреба од синдикална заштита, како и право на бесплатна правна помош, а ССМ како единствен синдикат кој води грижа за македонските работници, како во државата, така и во странство, го овозможува тоа, стои во соопштението од ССМ.
На состанокот било договорено во најскоро време информациите за македонските работници да бидат достапни на веб страните и на македонски јазик со цел навремено и детално информирање за работничките права во Германија.
извор: biznisvesti.mk